logo-mini

драгослав мирковиќ

Сподели

драгослав мирковиќ

Драгослав Мирковиќ е роден во 1946 година во Соко Бања, тогашна Југославија. Завршува средно стручно училиште. Со изложување на фотографии започнува од 1967 година, а статус на кандидат мајстор на ФСЈ добива во 1977 година, на Собранието на ФСЈ во Загреб. До денес има учествувано на повеќе од 550 колективни изложби во Србија и странство (во 35 држави) и одржал 17 самостојни изложби. Од нив се издвојуваат: изложба во Центарот за современа уметност во Титоград (денешна Подгорица, Црна Гора) во 1986 година, Ресторан Парк во Белград во 2000 година, Домот на култура во Иваново во 2007 година, Градска галерија Параќин во 2008 година и др. Добитник е на преку 120 награди од кои најзначајни се: Златна плакета на ФСЈ на 19-та Југословенска изложба на фотографии во Марибор во 1975 година, Златен медал на FIAP во Кина во 2007 година, Златен медал PSA во Иран во 2013 година и др.
Добитник е на следните признанија: Бронзена плакета „Борис Кидриќ“ во 1976 година, Сребрена плакета „Борис Кидриќ“ во 1983 година, Повели и плакети „Smeli cvet“ на Сојузот на социјалистичката младина на Србија во 1980 година, Сребрена плакета на Универзитетот за уметност во Белград во 1999 година, Диплома на Фото сојузот на Србија во 1999 година, Диплома на Фото сојузот на Југославија во 1999 година, плакета на ULUPUDS во 1999 и Повелба за животно дело на ULUPUDS во 2000 година.
Во периодот 1972 – 1978 година избран е за претседател на Советот за фотографија на Фото-кино сојузот на Србија, а подоцна од 1978 година до 1982 година станува секретар на Фото сојузот на Југославија. Во 2006 година е избран за потпретседател на Уметничката комисија на ULUPUDS и должноста ја извршува до 2010 година. Во периодот 2003 – 2011 година е член на Уметничката комисија на Фото сојузот на Србија.
Во 1978 година, заедно со Стеван Ристиќ, го организира Меѓународниот FIAP семинар за младински раководители – Трогир. Во 1985 година е инструктор во Летната школа на Фото сојузот на Југославија во Требиње.
Од 1972 до 1978 година работи професионално како Секретар на Студентскиот сојуз за техничко воспитување Белград. Во 1978 година станува волонтер Секретар на Фото сојузот на Југославија, а во годините од 1982 до 1988 работи во новинарската куќа Политика. Во периодот 1988 – 2011 работи на Факултетот за применети уметности во Белград, отсек – Фотографија.
Сопственик е на следните звања: MF FSJ (1991) MF FSS, EFIAP/g и ULUPUDS.