logo-mini

душко јовановски

Сподели

душко јовановски

Душко Јованoвски 1949, фотограф ентузијаст-перфекционист, во магичниот свет на фотографијата влегува 1967 година со фотографијата „Очекување“. Следната деценија, опојната магија на фотографијата ќе биде и предизвик и инспирација за Душко, а уметничката фотографија тверечко хоби. Ќе сними бројни фотографии со исклучителна визуелно естетска вредност, каде мигот, емоцијата и симболиката, хармонијата и контрастот, доминацијата и единството се преточуваат во суптилна порака која буди интерес и внимание. Во 1974 година прави творечки исчекор co неповторливата колекција на фотографии наречена „Фотографија за спомен“, снимена во еден микро простор, претставува повеќеслоен белег за просторот и луѓето во него, за семејството како исконска клетка на секое општество, за односите во него, за младоста, за идилата, за опстанокот и миграцијата. И сега, гледајќи ги повторно фотографиите на Душко, од четриесетгодишна временска дистанца, уште еднаш се потврдува максимата дека уметноста и уметничките дела имат универзала безвременска вредност.
Душко има учествувано на бројни изложби каде постигнува видливи резултати, за постигнатото реноме и ниво на естетско изразување од областа на уметничката фотографија, во Загреб 1977 година е прогласен за Кандидат Мајстор на Југословенската фотографија. При крај на седудесетите години престанува да се занимава со фотографијата, но останува активен во Фото Сојуз на Македонија, и отворен соговорник со помладите автори кои надоаѓаа, за нивнoто творештво, за фотографијата и фотографската уметност.
Живее во Куманово и е почесен член на Фото кино клуб „Козјак“ и Фото клуб „Куманово“ и двата од Куманово.