logo-mini

зоран ѓорѓевиќ

Сподели

зоран ѓорѓевиќ

Роден во Крагуевац, од кој често заминува, но секогаш се враќа. Прв дипомирал во класата на одсек за новинарска фотографија во Југословенски институт за новинартво во Белград. Својата фотографска кариера ја започнува во средина на седумдесетите како соработник за весниците „Омладинске новине“, „Младина“ (Словенија), „Ферал“, „Око“, „Полет“ (Хрватска) и “Погледи“ во која учествувал и како уредник на фотографија. Од 1985 до 1995 година работи како уредник на фотографија, филм и видео за реклама на фабриката „Застава – Југо автомобили“. Соработувал со службите за дизајн и маркетинг на BMW и FIAT, YUGO CARS во Америка и со рекламни агенции на територијата на Југославија. Освоил значајни награди за фотографија во бивша Југославија, меѓу кои и диплома „Анастас Јовановиќ“, како и награди на 80 меѓународни и домашни салони на уметничка фотографија. Ја има титулата мајстор на фотографија во Фото Сојуз на Србија и титулата ЕФИАП (Excellence FIAP). Член е на уметничкиот совет на Фото-сојуз во Србија. Почесен член е на Здружение за промоција на аналогна фотографија, „Кадар 36“, во Загреб. Член е и на ULUPUDS.

Самостојни изложби (избор): Елба и гулабите, Галерија на медицинскиот факултет, Ноќ на музеи 2013. Линии, Галерија на Народниот музеј, Крагујевац 2012; Животот е мој ТВ, Галерија на современа уметност, Смедерево 2011; Линии, Киргумајндехаус Хотинген, Цирих, Швајцарија, 2011; Обични луѓе, Галерија на Фото кино сојуз на Војводина, Нови Сад, 2009; исто и во Галерија на СКЦ во Крагуевац, 2008; Херои, Киргумајндехаус Хотинген, во Цирих, Швајцарија, 2008; исто и во Галерија на делавски дом, Храстник, Словенија, 2008; Израел на прв поглед, Галерија на СКЦ во Крагуевац, 1999; Фотографии, Галерија во Дом на пионери, Крагуевац, 1998; Чувар на твоите соништа, Галерија на СКЦ во Крагуевац, Београд, 1998, исто и во Галерија на библиотека во Приштина, 1995; Судбини, Галерија на фото клуб, Крагуевац, 1985.
Групни изложби во: Америка, Аргентина, Австрија, Белгија, Чехословачка, Данска, Англија, Франција, Хрватска, Израел, Индија, Ирска, Италија, Јужна Африка, Унгарија, Македонија, Германија, Канада, Полска, Португалија, Словенија, Сингапур, Швајцарија, Шпанија, Југославија и Србија.
Книги: „Чувар на твоите сништа“, Краљево: „Слово“, 1992.
Зоран Ѓорѓевиќ, монографија, Београд, 2012.
Сврстен и во: Фотографија кај Србите 1839 – 1989, Белград: САНУ – МСУ, 1991.
Летопис на српската фотографија 1839 – 2008, Београд, Фотограм, 2009.
Покрај фотографскиот занает има уште еден, правничкиот. Член е на Меѓународната организација на филмски критичари – FIPRESCI. Предавач е за филм во Студентскиот културен центар во Крагуевац. Еден е од основачите на BELDOCS, Меѓународен фестивал на документарен филм во Белград.