logo-mini

петти ден – куманово – малински фото фестивал 2018

Сподели

петти ден – куманово – малински фото фестивал 2018

Вториот ден, а петти по ред од програмата на фестивалот, во Куманово се отворија повеќе изложби на фотографии во текот на целиот ден.

Во НУЦК “Трајко Прокопиев “ како прва беше отворена меѓуклупската изложба “КРУГ 2018” во која што се натпреватуваа авторите на ФК Куманово од Куманово и Фото Група “ФОР МАТ”  од Чачак, Србија. Изложбата, традивционално веќе петта година по ред како дел од фестивалот има натпреварувачки карактер каде што најдобрите фотографии се стекнуваат со награди и признанија. Првите три места им припаднаа на членовите на ФГ “ФОР МАТ”: Златен медал – Симонида Николиќ, Сребрен медал – Ненад Карапавловиќ и Бронзен медал – Слободан М. Пајичм, а со дипломи се стекнаа: Бојан Пајич, Александар Драгишевски, Александар Михајловиќ, Ѓорѓе Вукадиновиќ, Катарина Алемпијевиќ и Владимир Јовановски.

Во просториите на НУЦК “Трајко Прокопиев” се отвори изложбата и на учениците од ОУ “Кочо Рацин” кои се дел од фото секцијата од програмата на самото училиште.

Турскиот фотограф Бурак Шенбак се претстави со своја самостојна изложба на фотографии во Галерија Куманово. Авторот се претстави со около 50 фотографии кои се плод на досегашното негово творештво. Инаку Б.Шенбак е член на RPS, PSA, FIAP, TFSF и почесен член на Sille Sanar Sarayi, основач на БУДОФ и член на клубот на фото кино аматери на Истанбул – IFSAK.

Во просториите на Галерија Куманово се отвори и клубпска изложба на фотографии на фотографското здружение “ФОТУМ” од Војниц, Полска. Изложбата беше именувана како “Prospect” и претставуваше ретроспектива на активностите на членовите на здружението. Членовите како и присутните беа почестени со присуството на претставничката од Полската амбасада во Р.Македонија.

Како последна во програмата за овој ден, беше отварањето на самостојната изложба на членот на ФК Куманово – Александар Драгишевски. Насловена како “Unfinished story” авторот се претстави со около 30 фотографии – портрети во црно бела техника.