logo-mini

свечено отворање – малински фото фестивал 2016

Сподели

свечено отворање – малински фото фестивал 2016

Фестивалот на уметничка фотографија насловен „Малински фото фестивал“, беше отворен во Ноември во Куманово. Ова е прв настан од ваков вид во Куманово, но впрочем и во Македонија. Посетителите и љубителите на арт фотографија имаа можност да проследат пет изложби и 12 проекции во изложбените галерии низ градот, како што се Центарот за култура Трајко Прокопиев, Уметничката галерија и Театар на град Куманово, но и во неформални простори каде што можат да се видат уметнички фотографии на автори од Македонија, соседството, но и фотографии од реномирани автори од светот.