logo-mini

четврти ден – куманово – малински фото фестивал 2018

Сподели

четврти ден – куманово – малински фото фестивал 2018

Како центар на фотографските случувања во Куманово се одржаа низа настани од областа на фотографијата во текот на следните два дена.

Во Театар Куманово беше одржано излагање за проектот ”За македонцката фотографија” од страна на Владимир Јовановски и Стефан Илиевски. Овој проект претставува обид да се зачува богатото фотографско творештво на Република Македонија. Членовите на ФК Куманово се длабоко убедени дека овој проект дава допринес во историјата на македонската фотографија како дел од културното наследство на Република Македонија.

*за подетални информации посетете ја интернет страницата : photoclubkumanovo.com/makedonckata/

Во просториите на Театар Куманово следуваа фотопрезентации на домашни и странски автори.

Публиката имаше можност да ги погледне делата на Решад Мехдиев од Азербеџан, Мустафа Шахин од Турција, Александар Георгиев од Македонија, Иван Стојановиќ од Србија, Алперен Акџарман од Турција и Ранко Ѓуровиќ од Србија.