logo-mini

свечено отворање – жените и фотографијата 2016

Сподели

свечено отворање – жените и фотографијата 2016

По повод денот на жената 8-ми Март, фото Клуб Куманово и оваа година традиционално се најде во улога на организатор на изложбата “Жените и фотографијата 2016”. Поставката на изложбата како и отварањето на истата беше во НУЦК “Трајко Прокопиев” во Куманово, каде што љубителите на фотографија ќе имаат можност да ја проследат во наредните две недели.

Годинава изложбата беше меѓуклупска, каде што учество зедоа повеќе авторки ,членови на клубовите ширум Македонија како и самостојни авторки. На изложбата се претставија 26 авторки со околу 50-тина фотографии, во колор и црно-бела техника.

– Жената претставува мотив кај многу поети, сликари, писатели, но кога станува збор за фотографијата таа се јавува не само како инспирација за фотографите, туку и активно се вклучува во самиот процес на фотографирање, изработка на фотографијата и пренесување на стекнатото знање за фотографијата како уметност. Жените се почувствителни и посуптилни од мажите и поради тоа подобро ги забележуваат деталите. Тоа е дар на природата и со малку спретност да фати вистински кадар, излегува одлична фотографија. Во фотографијата нема кавалерство, па колегите фотографи почнаа сериозно да ги сфаќаат жените со фотоапарат гледајќи ги како сериозна конкуренција – вели Марина Крстиќ селектор на изложбата