Формиран во Март 2014, фото клуб Куманово од Македонија брои околу 30 членови и се смета како еден од најголемите клубови во Република Македонија. Иако е млад клуб, во неговато јадро има светски познати фотографи кои постигнаа големи успеси во краткиот период од неговото постоење. Покрај изложбените активности и успеси, клубот локално стана добро познат за неговите бесплатни фото курсеви и неговата работа со деца. Домаќин на самостојни и групни изложби со светски реномирани автори. Успешно заврши со групни проекти со спријателени клубови од Србија, Босна, Канада, Турција, Египет, Саудиска Арабија, Иран и тн. Клубот е член на ФИАП, ПСА и ИААП.
За нас
Во Ноември од 2014 година, клубот го организираше првиот фотографски фестивал, насловен како Малински Фото Фестивал на кој беа отворени над 15 соло и групни изложби. Малинскиот Фото Фестивал подоцна прераснува во годишен и најпрестижен фотографски настан кој ја подига скалата и поставува вистински пример за фотографијата како почитувана уметност.
Од неговото основање, Г-ѓа Софија Петковска беше избрана за претседател која го водеше клубот и постигна многу успеси, а од март 2018 година Г-ѓца Марина Крстиќ ја продолжи функцијата.
СОЗДАВАМЕ УМЕТНИЧКА ФОТОГРАФИЈА!
