logo-mini

Сподели

Изложба во Турција

На 31 август 2019 година во FIAP изложбениот простор на Силе Санат Сарај во Коња, Република Турција беше отворена клупската изложба на Фото клуб Куманово. На истата присуствуваа поголем број на граѓани и љубители на фотографската уметност.

Изложбата е колективно дело на скоро сите членови од Фото клубот Куманово. Секоја фотографија, и секој автор преку своите уметнички дела зборува сам за себе, доловувајќи ја сопствената индивидуалност, интерес и различност преку јазикот на фотографиите.

Секоја фотографија носи сопствена приказна. Со некои, ќе се радувате, со други ќе тагувате, со трети ќе бидете изненадени, но во целата колекција приказната е таа што е најгласна. Тој различен светоглед ќе Ве заниша на голема надморска височина на моменти, но исто така ќе ве стави во длабока бездна.

Изложбата на Фото клуб Куманово во Турција, претставува втора клупска изложба во странство, и воодено доказ за успешната промоција на македонската фотографска уметност во меѓународни рамки.