logo-mini

Онлајн клупска изложба на Фото клуб Куманово

Сподели

Онлајн клупска изложба на Фото клуб Куманово

Во духот на правилата да бидеме физички дистанцирани еден од друг, далеку од фотографската рутина, членовите на Фото клуб Куманово со гордост ја прифатија понудата на почитуваниот клуб Силе Санат Сарај со цел да останеме поврзани со нашите пријатели од Република Турција.

Ние како клуб ја прифативме оваа покана со чест. Настанот преставуваше подарок од Силе Санат Сарај, во ова време на КОВИД-19. Посебно сме благодарни за изложбата бидејќи поради пандемијата во последните неколку месеци нашите редовни фотографски активност и изложби беа одложени.

Овој Zoom состанок претставуваше виртуелна тура и знак на добро пријателство, фотографија и соработка за иднината. Интернационалната федерација за уметничка фотографија (FIAP) беше подржувач на изложбата.

Настанот беше подржан и од голем број на фотографи од двата клуба од Турција и Македонија.

Фото клуб Куманово беше претставен од страна на претседателот Марина Крстиќ која што даде детално образложение на историјата и активностите, успесите низ годините, домашните, регионалните и интернационалните успеси. Таа ја отвори изложбата со честитки за меморијалниот ден на Ататурк.

Претставникот Силе Санат Сарај беше господинот Реха Билир. Тој во својот воведен говор даде детални информации за неговиот клуб. Реха зборуваше за тоа дека уметноста овозможува можност да продуцирање за артистот во секој период и под сите околности, со заклучок дека фотографите треба да ги насочат своите артистички напори и во оваа ситуација.

И двата клуба успешно ги презентираа делата на нивните членови.