logo-mini

Сподели

Отворен повик за учество

#RYCO #UNPF #Prijateljiplanete #PhotoClubKumanovo

Отворен повик за млади луѓе, во рамките на проектот „Сликите за регионот“, преку кој ќе се рашират и разменат културни вредности на регионот од: Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија, преку фотографија.

Право на учество имаат луѓе на возраст од 18-25 години.

Млади луѓе кои никогаш не патувале низ регионот, луѓе со инвалидитет /  или со помалку можности, ќе имаат предност за време на селекцијата.

Идејата на организаторот е да се фотографира животот во локалната заедница, преку следните теми:

А. Портрет

B. Фолклор, животот и обичаите на локалното население

C. Пејзаж (преку кој ќе се отслика и најдобро претстави од гледна точка на учесникот околината)

Фотографиите мора да бидат со димензии: 20х30 см,  со формат од 300dpi.

Фајловите мора да бидат именувани соодветно: Тема_Име на автор_Име на фотографија_Држава

Пример: A_Jovan Jovanovski_Through my window_MKD;   B_Bajram Shabani_Love_MKD итн.

Користете само англиска азбука (латинично писмо) за именување на фајловите.

Соодветно означени фотографии испратете ги електронски на: photoclubkumanovo@gmail.com

Секој учесник може да испрати максимално 5 фотографии.

Селекторот ќе ги разгледа фотографиите и ќе контактира со најдобрите 5 за понатамошна соработка.

Избраните 5 учесника ќе имаат можност да посетат 2 дневна работилница тука во Северна Македонија, тродневна напредна работилница во Србија, ќе се запознаат со разните култури, историја, традиција и фолклор на местата каде што ќе се одржат работилниците и ќе го зголемат својот уметнички потенцијал на изразување низ фотографија. Краен рок на поднесување на фотографии е: 20-ти февруари 2020 година.

Friends of the planet and its partners are supported by RYCO within the second Open Call for Project Proposals co-financed by the United Nations Peacebuilding Fund