
Соработка со Порака Наша
Соработка со Порака Наша
Минатата недела членовите од Фото клуб Куманово отпочнаа со реализација на работилница наменета за лицата со попреченост во просториите на ЗРЦЛИП „Порака Наша“. Со работилницата е предвидена социјална вклученост преку едукација, усовршување и промоција на уметничката фотографија. Имено лицата со попреченост ќе имаат можност да се запознаат и дружат со членовите од ФК Куманово, кои преку теориски асоцијации и практични игри ќе им овозможат осознавање за основите на фотографијата. Изработените фотографии направени од лицата со попреченост од „Порака Наша“ и оние од членовите на ФК Куманово ќе бидат дел од хуманитарна изложба на Малински фото фестивал во месец мај. Малински фото фестивал е единствен од ваков тип на Балканот и со хуманитарниот подвиг тој влегува во една нова димензија која само ќе го потврди и запечати реномето на настанот, брендот на Фестивалот и клубот.
Целта уште кога ја потпишавме соработката со претседателот на Здружението „Порака Наша“ ни беше да дадеме допринос како клуб, а и преку наше лично залагање во едукација и оспособување на лицата со попреченост. Да им дадеме можност да се искажат преку фотографијата, а и да дојдат до еден вид на занает.














