logo-mini

Успешно завршена изложбата „Photo Story 2018“ на Фото клуб „Куманово“

Сподели

Успешно завршена изложбата „Photo Story 2018“ на Фото клуб „Куманово“

На 27 септември успешно беше заокружена изложбата „Photo Story 2018“ организирана од страна на Фото клуб „Куманово“, а со поддршка на Министерството за култура на Р Македонија и под патронажа на организациите PSA и IAAP. На изложбата свое учество зедоа повеќе од 300 фотографии од сите страни на светот. На девет теми, од страна на стручната жири комисија во состав Марина Крстиќ, Марјан Јаневски и Душко Јовановски, беа доделени вкупно 144 медали. Честа на Фото клуб „Куманово“ ја одбранија, Жаклина Стефановска којашто доби IAAP диплома за фотографијата „Fibonacci“, Владимир Јовановски кој доби НФУМ диплома за „Placko“ и Сандра Трајковска којашто доби сребрен медал за фотографијата „The Door“. На 6 ноември 2018 година, во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово и во рамки на манифестацијата „Ноемвриски денови“ пред бројната публика беше отворена изложбата „Photo Story 2018“.

Дигиталниот каталог од  „Photo Story 2018“ можете да го пронајдете на следниот линк.

Во продолжение следуваат дел од најуспешните фотографии.