logo-mini

ФK „Куманово“ го одбележи Меѓународниот ден на лица со попреченост

Сподели

ФK „Куманово“ го одбележи Меѓународниот ден на лица со попреченост

Преку склучување на меморандум за соработка со Дневниот центар „Порака Наша“, од Куманово, изминатиот месец се реализираше долго посакуваната идеја за инклузија на лицата со попреченост во сферата на уметноста и фотографијата. Со нова доза инспирација и креативност стартувавме со подготовки во исчекување на 3-ти декември – Меѓународниот ден на лица со попреченост.

Ја имавме честа да бидеме дел од прекрасна атмосфера и одбележувањето на овој значаен ден, проследен со фотографии од дружбите и секојдневните активности на лицата со интелектуална попреченост, како и колаж од нивни портрети изработен од членовите на Фото клуб „Куманово“. На 6-ти декември Порака Наша прослави роденден, 12 години постоење и успешна работа, ден кој меѓу останатото беше одбележен со фото проекција подготвена од нашиот клуб.

Водени од целта за промена на јавната свест за оваа категорија граѓани, корисниците на „Порака Наша“ ќе земат учество во проектот „Малински Фото Фестивал“. Предвидена е работилница и фото – сафари во близина на градот Куманово, каде ќе творат во областа на уметничка фотографија корисниците од Порака Наша заедно со членовите од Фото клуб „Куманово“.

Нивната заинтересираност и желба за учење претставува мотив за Фото клуб „Куманово“ за создавање (или реализација) на уште многу нови проекти.