logo-mini
Новости
  All posts by Aleksandar Dragisevski

Изложба на Марија Јовановска

На 22.10.2021 (петок) во просториите на Занаетчиски дом Куманово, во рамките на настанот Wire Artworks 2021, беа изложени фотографиите на членот на Фото клуб Куманово, Марија Јовановска. Марија Јовановска е родена 1986 година во Куманово, Македонија. Љубовта кон фотографијата ја наследува од својот татко, па уште во раната младост влегува во тајните на аналогната фотографија, […]

Повеќе

Животот и делото на Лори Албин Жилот

Вчера вечер на 26.05.2020 година (вторник), во 20:30 часот, беше одржано онлајн предавање од областа на уметничката фотографија. Преку Zoom апликацијата, нашата ценета членка Марина Крстиќ зборуваше за Laure Albin Guillot, француска пионерка во модерната фотографија, со чии дела ја издигнува уметничката фотографија на ново ниво, во меѓувоениот период. Предавањето беше повеќе како дискусија, каде […]

Повеќе

Изложба на Јан Вало во Свети Николе

Фотографиите на Јан Вало се проткаени со егзистенцијалистичка нишка која со гест статиран во фотографија нѐ асоцира на изгубеното и нѐ мотивра на потрага по како што би кажал Милтон „изгубениот рај“.Објектите во фотографиите се секогаш различни. Во дел од фотографиите објекти се ликови, способни за интеракција и пренесување порака додека во други фотографии објектите […]

Повеќе

фото школа 2018 – 2019

Фото клубот Куманово по петти пат организира бесплатна школа за уметничка фотографија во која учество може да земат сите заинтересирани граѓани. Фото школата ќе биде поделена на два дела: А) Историјата, техничките и уметничките сегменти на фотографијата. Б) Дигитална обработка на фотографијата. За време на фото школата ќе бидат ораганизирани повеќе фото-сафари во Куманово и […]

Повеќе

трет ден – свети николе – малински фото фестивал 2018

Како трета по ред од програмата на Малински Фото Фестивал, во Дом на култура “Крсте Петков Мисирков” во Свети Николе беше отворена самостојната изложба на фотографии на авторот Владимир Миличевиќ од Србија. В.Миличевиќ е роден во Параќин, Република Србија и активно се занимава со фотографија. Во 2012 година го добива фотографското звање F1 FSS (фотограф […]

Повеќе

меѓуклупска изложба – жените и фотографијата 2018

Во чест на Интернационалниот ден на жената, 8-ми Март, и оваа 2018 година фото клубот Куманово по петто, јубилејно издание, ја организира изложбата на уметнички фотографии „Жените и фотографијата 2018“. Затоа ги охрабруваме сите љубителки на фотографијата и заинтересирани учеснички, без разлика дали се самостојни авторки или членови на фото клуб, да ги прикачат своите фотографии […]

Повеќе

свечено отворање – коритон 2017

На 23 декември 2017 година во 12:00 часот во Градскиот музеј на град Кратово, Кратово беше отворена изложбата Коритон 2017 во организација на фото клуб Куманово. Изложбата Коритон 2017 се состоеше од две теми: слободна и Кратово и Кратовчани. Коритон 2017 беше под покровителство на меѓународната фотографска организација IAAP и на Националната фото унија на […]

Повеќе

клупска изложба на фото клуб куманово во војниц, полска

Успешната соработка на Фото клуб Куманово со ФЗ Војниц – ФОТУМ од Полска резултираше со отварањето на клупската изложба на ФК Куманово во Војниц, Полска. Изложбата претставуваше избор од 40 фотографии од творештвото на членовите на ФК Куманово: Владимир Јовановски, Анита Станишковска, Душко Јовановски, Александар Драгишевски, Дарио Королија, Фросина Јовановска, Драгана Спасовска, Филип Јаневиќ, Софија […]

Повеќе

свечено отворање – фото приказна 2015

Во НУЦК “Трајко Прокопиев” Куманово, на 15 април беше отворена прва по ред меѓународна изложба на уметничка фотографија “Photo Story 2015” односно “Фото Приказна 2015”, организирана од страна на Фото клуб Куманово. Photo Story 2015 година успеа да добие покровителство од повеќето светски фотографски организации, меѓукои ПСА, ИААП, УПИ и ИСФ. А патронатите, односно покровителствата претставуваат вистинско […]

Повеќе

меѓуклупска изложба – круг 2016

Веќе трета година по ред, Фото клуб Куманово, во склоп на Фото фестивал Малински , организира меѓуклупска изложба на уметничка фотографија, насловена како “Круг”. Минатогодишните меѓуклупски натпревари помеѓу ФКК Прилеп и ФКК Битола предизвикаа голем интерес. Па така оваа година, натпреварот ги проби територијалните граници и возрасните бариери помеѓу многу фотографи од светот, кои со […]

Повеќе