All posts by Vladimir Jovanovski
На 17 ноември 2019 година беше затворена изложбата Коритон 2019 што во чест на градот Кратово ја организира Фото клуб „Куманово“. На овој 4-ти по ред натпревар на уметничка фотографија пристигнаа 3218 дела на 777 учесници од сите делови на светот со што Коритон го задржа своето реноме како најбројна изложба во историјата на македонската […]
Од 8 до 12 ноември во Лишу, Кина се одржа фотографскиот фестивал Лишу. На настанот учество зедоа 5021 фотограф од 108 држави, 153 институции и 122 колеџи и универзитети. Фестивалот вклучуваше интернационални семинари, тематски изложби, изложби на фотографска опрема, саем на културен туризам и други настани. Целта на фестивалот беше да се промовира и зачува […]
Авторите и членови на Фото клуб Куманово се преставија со колекција фотографии на изложбата организирана од страна на Националната академија за фотографија на Индија (National Academy of Photography – NAP). Оваа изложба беше организирана по повод Светскиот ден на фотографијата – 19 август и јубилејот од 180 години откако француската влада го откупи патентот за […]
Во тек е пријавувањето на Коритон 2019, изложба на уметничка фотографија, посветена на малиот, но историски богат град Кратово. Изложбата, во организација на Фото клуб „Куманово“, е со натпреварувачки карактер, каде учесниците се натпреваруваат за повеќе од 30 награди. Вредно е да се напомене дека минатогодишното издание на Коритон беше своевиден рекордер по бројот на […]
Третиот квартал на 2019 година за Фото клуб Куманово претставуваше еден од најуспешните периоди во постоењето на клубот. На полето на уметничката фотографија беа реализирани повеќе проекти, а нашите членови зедоа учество на голем број меѓународни и национални изложби на фотографии. Меѓудругото со награди се закитија: Александар Стојчевски – MOL Bronze Diploma @ Photo GRAFIS […]
Во серија од пет работилници, дваесетина граѓани на Куманово имаа можност да се запознаат со основите на уличната фотографија и преку практична работа – фотографирање на терен да ги усовршат своите фотографски вештини и амбиции. Учесниците со своите фотографии ќе ги искористат за учество во фото конкурсот и изложбата кои ќе се одржат во октомври, […]
Во сабота, 05.10.2019 година, во FIAP изложбениот центар на Фото клубот „Нови Сад“ ќе биде отворена изложба на две серии на фотографии: „Monochrome“ на членот на Фото клуб „Куманово“, Владимир Јовановски (EPSA, GPU HERMES, RISF5, Македонија) , и „55“ на авторот Данило Цветановиќ (AFIAP, MF FSS, ULUPUDS, Србија) Владимир Јовановски, EPSA, GPU HERMES, RISF5, роден […]
Фото клубот Куманово по шести пат организира бесплатна школа за уметничка фотографија во која учество може да земат сите заинтересирани граѓани. Фото школата ќе биде поделена на два дела: А) Историјата, техничките и уметничките сегменти на фотографијата.Б) Дигитална обработка на фотографијата. За време на фото школата ќе бидат ораганизирани повеќе фото-сафари во Куманово и околината. […]
На 31 август 2019 година во FIAP изложбениот простор на Силе Санат Сарај во Коња, Република Турција беше отворена клупската изложба на Фото клуб Куманово. На истата присуствуваа поголем број на граѓани и љубители на фотографската уметност. Изложбата е колективно дело на скоро сите членови од Фото клубот Куманово. Секоја фотографија, и секој автор преку […]
Последниот ден, во недела на 26 мај, Фестивалот продолжи со утринско фото сафари во Крива Паланка, во околината на манастирот Св. Јоаким Осоговски. По завршувањето на сафарито, во 12:00 часот, фестивалот продолжи во Музејот на град Крива Паланка со отварањето на изложбата на фотографии од македонските автори кои ќе бидат застапени во книгата „За македонцката […]