Жаклина Стефановска
-
Group
Жаклина Стефановска е родена во мај 1974 година во Куманово. Има завршено средно училиште
СОУ „Гоце Делчев“ во Куманово (1992). Дипломира социјална работа и социјална политика на
Филозофскиот Факултет во Скопје, 1998. Професионалното образование го заокружува во јуни
2012 година кога станува магистер по социјална работа. Но, целиот свој работен век работи како
фотограф во фотографското студио Фото Венцо – Куманово.
Почетоците во фотографирањето ги прави во пубертетските денови. Со основите на студиската
фотографија се запознава во 2000 година. Во 2014 година станува основач и активен член на Фото
клуб Куманово од Куманово, истовремено следејќи го курсот за уметничка фотографија под
менторство на Владимир Јовановски.
Жаклина Стефановска е координатор на фестивалот на уметничка фотографија Малински фото
фестивал, кој се одржува во чест на првата фотографска фамилијата Малински од Куманово.
Од самиот почеток на фотографирањето се приметува дека нејзин интерес се портретите. Но,
многу често можат да се забележат и фотографии од нејзините патувања. Од нејзините дела се
воочува дека интересот ѝ е насочен кон запознавањето на нови луѓе, култури и традиции.
Сите интереси ѝ се насочени кон изработка на уметнички фотографии и нивно изложување на
групни изложби, како што се: Жените и фотографијата, Тумба, Круг, Коритон... но, озбилно
размислува за самостојна изложба.
За нејзината работа добила многу признанија и дипломи, како и примени фотографии по странски
и домашни излозби, а најдрага ѝ е наградата PSA бронзен медал за фотографијата „memorial“ на
изложбата Сингидунум 2017.
Жаклина Стефановска
член на претседателство