Марина Крстиќ
-
Group
Марина Крстиќ е родена во Куманово, 1982 година. Завршила Филозофскиот Факултет на универзитетот „Кирил и Методиј“, отсег класични студии во Скопје 2007 година. Интересот за филмот и фотографијата го добива од еден семинар во 2003 година, во Струга, под наслов „SeeU in Motion“, каде од близу ги следи подготовките за креативно изразување преку разни медиуми. Работи како професор по класична култура во европската цивилизација во локалните oосновни училишта „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“, во Куманово.
Присуствува на курсот по фотографија при „Фото Клуб Козјак“ во Куманово 2013 година, под менторство на Владимир Јовановски.
Еден е од основачите на Фото Клуб Куманово од Куманово, во март 2014 година.
Своето прво излагање на фотографии го има на клупската изложба „Жените и Фотографијата“, во март 2014 година, каде заедно со своите „клубистки“ го промовира и афирмира новиот фото - клуб.
Во своето кратко време како фотограф – аматер учествува во над 200 интернационални и домашни изложби каде има добиено и многу медали и признанија.
Се јавува и како организатор на најголемиот проект на ФК Куманово, Малински Фото Фестивал, во кој дава свој допринос и печат.
Успехот се зголемува со првата самостојната изложба во 2016 година, како дел од Малински фото фестивал, насолвена како „Делфинографија“, по која следат и покани за жирирање на домашни и интернационални салони во Турција, Србија, Македонија. Промовира своја проекција, насловена како „Црвената линија“ во Мерсин – Турција. Оформува и фото-секција во училиштето во кое работи.
Прогласена е за фотограф на годината за 2017 година, а веќе на почетокот на 2018 година станува претседател на Фото клубот Куманово.
Пасија и се луѓето и секојневната ситуација во која тие можат да се најдат, просторот и човекот, времето и човекот, емотивните и душевни вистини кои може единствено да бидат прикажани преку луѓето.
Марина Крстиќ
претседател