Мила Златковска
Мила Златковска е родена во Куманово, 2002 година. Ученик е во СОУ „Перо Наков“ во Куманово.
Во 2016 год. започнува курс за фотографија во Фото Клуб Куманово и по завршувањето на курсот продолжува како активен член во истиот клуб.
Љубител е на секаков вид уметнички фотографии, но највеќе се пронаоѓа себеси во фотографирањето на портрети, бидејќи смета дека емоцијата најмногу се пренесува преку лицето на човекот.
Се јавува како организатор и учесник на Фото фестивал „Малински“, како и „Жените и фотографијата“.