Наталија Николовска
-
Group
Наталија Николовска е родена во Куманово, 1999 година. Сеуште е ученик на Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово. Интересот за филмот и фотографијата го добива сосема случајно запознавајќи луѓе кои се занимаваат со фотографија.
Присуствува на курсот по фотографија при „Фото Клуб Козјак“ во Куманово 2013/14 година, под менторство на Владимир Јовановски.
Еден е од основачите на Фото Клуб Куманово од Куманово, во март 2014 година.
Своето прво излагање на фотографии го има на клупската изложба „Жените и Фотографијата“, во март 2014 година, каде заедно со своите „клубистки“ го промовира и афирмира новиот фото - клуб.
Во своето кратко време како фотограф – аматер учествува во неколку домашни изложби.
Се јавува и како организатор на најголемиот проект на ФКК, Малински Фото Фестивал, во кој дава свој допринос и печат.
Пасија и се луѓето и секојневната ситуација во која тие можат да се најдат, просторот и човекот, емотивните и душевни вистини кои може единствено да бидат прикажани преку луѓето.
Наталија Николовска
член