На 02.02.2025 Фото клуб ‘Куманово’ во соработка со НГО ‘Хера’ одржа фото-работилница предводена од Неда Арсениевска. Атмосферата беше исполнета со креативност и ентузијазам.

Учесничките најпрвин се запознаа со мотивот на изложбата “Жените и фотографијата” и работата на нашиот клуб, а потоа имаа можност да се запознаат и со историјата на жената како фотограф, но и како важна тема во фотографијата. Се разви дискусија за родовата еднаквост во уметноста каде што присутните споделија и свои искуства.

Неда ги претстави основните техники на фотографирање портрети. Заедно ја истражуваа моќта на контрастот и линиите како елементи во фотографијата преку примери од наградени фотографии од врвни светски и домашни автори и авторки.
На крајот, ги применија новите техники на терен, фотографирајќи на тема “жената -денес”. Фотографиите и приказните кои фотографките ги раскажаа преку своите објективи одлично го отсликуваат сензибилитетот и емоциите карактеристични само за жените- уметници.
Работилницата беше незаборавно искуство, само едно од низата на многу возбудливи проекти кои доаѓаат!

