Од 7 октомври до 12 ноември 2026 година, во Уметничката галерија на Центарот за култура во Дусетос, Литванија, е поставена самостојната изложба „Street Life“ на Виктор Трајковски, член на Фото клуб Куманово. Серијата во боја, создадена на улиците на различни европски градови, ги бележи автентичните мигови од секојдневието, емоциите на луѓето и неочекуваните фрагменти од животот што повеќето минувачи би ги пропуштиле. Поставката доаѓа по летошното гостување во Зарасаи, каде Трајковски ја претстави истата серија заедно со Владимир Јовановски. Тоа […]
На 17 јуни 2026 година, во салата за настани на Јавната библиотека на Општина Зарасаи во Литванија, беа отворени изложбите на Владимир Јовановски и Виктор Трајковски, членови на Фото клуб Куманово. Поставките, достапни за посетители до 7 август, ја претставија македонската фотографија преку два различни и јасно изградени авторски пристапи. Гостувањето го иницираа литванската фотографка Норманте Рибокаите и Алвидас Стаускас, директор на Центарот за култура и Уметничката галерија во Дусетос. На отворањето, со превод на Симона Бурокаите, авторите зборуваа за […]
На 16 јули 2026 година, во „Министерство“ во Куманово, беше отворена заедничката изложба на Наум Цветковски и Стефан Коцевски, членови на Фото клуб Куманово. Поставката обедини две различни области на нивното фотографско творештво: црно-бела концертна фотографија и портретна и студиска фотографија во боја. Стефан Коцевски се претстави со фотографии создадени за време на концертни настапи. Неговиот пристап бара непосредно набљудување и брза реакција на она што се случува на сцената. Светлината, движењето, гестовите и изразите на изведувачите се забележани во […]
Со особено задоволство ја најавуваме првата самостојна изложба на нашата членка Тијана Додовска, која пред кумановската публика ќе се претстави со избор на фотографии од областа на спортската фотографија. Спортската фотографија е еден од најдинамичните и најпредизвикувачките фотографски жанрови, во кој фотографот треба во дел од секундата да ги препознае и забележи вистинскиот момент, движењето, емоцијата и атмосферата на спортскиот настан. Токму преку вакви моменти, Тијана во својата прва самостојна изложба ќе претстави дел од својата досегашна фотографска работа и […]
Со огромна тага ја примивме веста дека нè напушти нашиот драг пријател и еден од основачите на Фото клуб Куманово, Александар Николовски. Постојат луѓе чие значење за една организација не може да се измери само со функции, години или запишани активности. Нивното вистинско значење останува во темелите што ги поставиле, во идеите што ги поддржале и во луѓето со кои заедно создале нешто што продолжува да живее и по нив. Аце беше токму еден од тие луѓе. Во 2013 година, […]
На 04 април, во клупските простории на Фото Клуб Куманово, беше одржано изборно собрание на кое членовите на клубот избраа ново раководство кое ќе го води клубот во наредниот период. За претседател беше избран Наум Цветковски, за секретар Неда Арсениевска, додека функцијата заменик секретар ќе ја извршува Ангела Цветковска. Во состав на новиот Извршен одбор се избрани:Дејан Илиевски, Ивана Јовановска Кузмановска, Сандра Ѓурковска, Бисера Арсениевска и Стефан Илиевски. Со ова изборно собрание, клубот влегува во нова фаза на развој, со […]
Со особена чест и задоволство ве информираме дека Фото клуб Куманово ќе биде гостин на III Годишна изложба на фотографии во Крагуевац, во организација на Фото клуб „Објектив“. Нашите членови ќе се претстават со селекција на авторски дела, продолжувајќи ја соработката и поврзувањето на фото клубовите од регионот. Свеченото отворање ќе се одржи на 27 февруари 2026 година во 19:00 часот, во галеријата на ВИШ во Крагуевац. Горди сме што повторно ја носиме уметноста на Фото клуб Куманово надвор од […]
Фото клуб Куманово со задоволство најавува гостување на српскиот фотограф Бојан Петровиќ – Бокац, кој ќе одржи излагање и предавање во петок, со почеток во 19:00 часот. Бојан Петровиќ е роден 1983 година во Параќин, Србија. Член е на Фото клуб Параќин од 2010 година и на Фото сојузот на Србија од 2011. Носител е на F1 FSS и AFIAP. Има учествувано на околу 90 меѓународни изложби во 20 земји, со освоени 44 медали и пофалници, и е вбројан меѓу […]
Со доаѓањето на Новата година, ви испраќаме искрени желби за здравје, мир и многу инспирација. Нека годината што доаѓа ви донесе убави моменти, нови идеи и фотографии со кои ќе се гордеете. Фотографијата нè поврзува преку приказни, погледи и емоции, и токму во тоа е нејзината сила. Со нетрпение гледаме кон новите средби, размена на искуства и сè што ќе создадеме во годината што следи. Среќна Нова година и сè најдобро! Фото клуб КумановоМарина Атанасовиќ
Во рамките на петтото издание на Фото сафари „Шимановци“ – еднодневна фотографска манифестација што се одржа на 7 септември 2025 година во Општина Пеќинци, Србија – публиката имаше можност да ја проследи изложбата „Луѓе од Бенин“ на Владимир Јовановски, член на Фото клуб Куманово. Изложбата беше поставена во просториите на Завичајната куќа во Шимановци и претставува визуелна документарна целина од патувањето на авторот низ Република Бенин – мала, но културолошки извонредно богата земја на западниот брег на Африка. Преку серија […]










