logo
logo

Прва самостојна изложба на Тијана Додовска

Со особено задоволство ја најавуваме првата самостојна изложба на нашата членка Тијана Додовска, која пред кумановската публика ќе се претстави со избор на фотографии од областа на спортската фотографија.

Спортската фотографија е еден од најдинамичните и најпредизвикувачките фотографски жанрови, во кој фотографот треба во дел од секундата да ги препознае и забележи вистинскиот момент, движењето, емоцијата и атмосферата на спортскиот настан. Токму преку вакви моменти, Тијана во својата прва самостојна изложба ќе претстави дел од својата досегашна фотографска работа и својот личен поглед кон спортот и фотографијата.

Изложбата претставува значаен чекор во нејзиниот фотографски развој, но и уште еден убав резултат од работата и активностите на членовите на нашиот клуб. Особено нè радува кога младите автори се охрабруваат да создаваат, да го развиваат сопствениот фотографски израз и својата работа да ја претстават пред пошироката публика.

Отворањето на изложбата ќе се одржи на 3 септември 2026 година, со почеток во 18:00 часот, во Занаетчискиот дом во Куманово.

Ги покануваме сите љубители на фотографијата, спортот и визуелната уметност да присуствуваат на отворањето, да ја погледнат изложбата и да ѝ дадат поддршка на Тијана на нејзиното прво самостојно фотографско претставување.

03.09.2026 | 18:00 часот
Занаетчиски дом – Куманово

Comments are closed.