logo
logo

Гостување на Бојан Петровиќ

Фото клуб Куманово со задоволство најавува гостување на српскиот фотограф Бојан Петровиќ – Бокац, кој ќе одржи излагање и предавање во петок, со почеток во 19:00 часот.

Бојан Петровиќ е роден 1983 година во Параќин, Србија. Член е на Фото клуб Параќин од 2010 година и на Фото сојузот на Србија од 2011. Носител е на F1 FSS и AFIAP. Има учествувано на околу 90 меѓународни изложби во 20 земји, со освоени 44 медали и пофалници, и е вбројан меѓу 10-те најуспешни автори во Србија за 2012 година.

Неговото творештво е особено препознатливо по длабокиот, емотивен пристап кон темата жената – како убавина, карактер, желби и несовршености. Работи со „обични“ девојки без моделско искуство, градејќи доверба и приказна преку долг процес, разговори и заедничка креација. Резултатот се силни, искрени фотографии полни со емоција и смисла.

Ги покануваме сите љубители на фотографијата да ни се придружат на ова инспиративно дружење и размена на искуства.

Comments are closed.