Со доаѓањето на Новата година, ви испраќаме искрени желби за здравје, мир и многу инспирација. Нека годината што доаѓа ви донесе убави моменти, нови идеи и фотографии со кои ќе се гордеете.

Фотографијата нè поврзува преку приказни, погледи и емоции, и токму во тоа е нејзината сила. Со нетрпение гледаме кон новите средби, размена на искуства и сè што ќе создадеме во годината што следи.
Среќна Нова година и сè најдобро!
Фото клуб Куманово
Марина Атанасовиќ

