logo
logo

Фото Клуб Куманово со ново раководство

На 04 април, во клупските простории на Фото Клуб Куманово, беше одржано изборно собрание на кое членовите на клубот избраа ново раководство кое ќе го води клубот во наредниот период.

За претседател беше избран Наум Цветковски, за секретар Неда Арсениевска, додека функцијата заменик секретар ќе ја извршува Ангела Цветковска.

Во состав на новиот Извршен одбор се избрани:
Дејан Илиевски, Ивана Јовановска Кузмановска, Сандра Ѓурковска, Бисера Арсениевска и Стефан Илиевски.

Со ова изборно собрание, клубот влегува во нова фаза на развој, со свежа енергија и визија. Довербата дадена на млад тим претставува јасен сигнал за насоката во која ќе се движи Фото Клуб Куманово во иднина – модернизација, активност и поголема вклученост на нови генерации фотографи.

На новоизбраното раководство му посакуваме успешен старт, посветена работа и многу реализирани идеи. Убедени сме дека со ваков тим, клубот ќе продолжи да расте и ќе се издигне на уште повисоко ниво, со нови проекти, изложби и меѓународни активности.

Comments are closed.