logo
logo

фк Куманово со клупска изложба во Крагуевац

Со особена чест и задоволство ве информираме дека Фото клуб Куманово ќе биде гостин на III Годишна изложба на фотографии во Крагуевац, во организација на Фото клуб „Објектив“.

Нашите членови ќе се претстават со селекција на авторски дела, продолжувајќи ја соработката и поврзувањето на фото клубовите од регионот.

Свеченото отворање ќе се одржи на 27 февруари 2026 година во 19:00 часот, во галеријата на ВИШ во Крагуевац.

Горди сме што повторно ја носиме уметноста на Фото клуб Куманово надвор од границите на нашиот град.

Comments are closed.