Фото клуб Куманово, продолжува со своите успеси и признанија и овој период. Многу од членовите се претставија и учествуваа на бројни меѓународни и домашни изложби, на кои се закитија со многу дипломи и признанија. Имено, изминатата недела еден од најплодотворните членови Жаклина Стефановска учествуваше со 12 фотограии на фото салонот „Good Light“ кој секоја година се одржува во Крагујевац, Србија. Во конкуренција од над 7000 фотографии, од околу 450 автори, нејзината фотографијата со наслов „The riper and the rice“, влезе во најтесен избор и зеде диплома за истата. Додека Стефановска ги собира дипломите и признанијата на интернационални салони во соседнате држави, Владимир Јовановски се здоби со диплома од градот Бардав во Словачка на „Spring Foto Salon Bardaf“. Тој се престави со 16 свои фотографии, во различни теми. Со своите фотографии влезе во конкуренција со над 8000 фотографии, од над 300 автори, од 70 земји.
Полека но сигурно Куманово, преку ваквите достигнувања се искачува на листата градови со многу креативни и успешни фотографи.