Фото клуб Куманово продолжува со своите творечки, излагачки и едукативни активности во областа на фотографијата. Членовите на Фото клуб Куманово ги излагаа своите фотографии на изложби во Србија, Босна и Херцеговина ,Хрватска, Луксембург и Украина. Како најуспешен автор изминатиот месец се покажа Марина Крстиќ која успеа да освои дури две награди на меѓународни изложби на фотографија во Србија, на која излагаа повеќе од 300 фотографи од 60 земји.
“ Бев пријатно изненадена кога пристигнаа резултатите од изложбата Градац фото. Иако ова не ми прва награда оваа година самиот факт дека на изложбата има пристигнато автори од 60 земји ми ги прави овие награди посебно драги. Особено сум горда што моите фотографии се така високо рангирани на светско ниво со што успевам да го претставам градот Куманово а воедно и Македонија во најдобро светло.” – Марина Крстиќ
Може да се пофалиме дека и нашиот член Владимир Јовановски врз основ на реномето кое го има изградено беше избран како член во жири комисии на две меѓународни изложби во Чачак и во Прага.
Како дел од активностите на Фото клуб Куманово во припрема се подготовки за отпочнување на трета по ред Фото школа, која и оваа година ќе биде бесплатна. Курсистите ќе имаат можност да се стекнат со теоретски и практичен дел од областа на уметничка фотографија.
Исто така клубот ќе биде организатор на изложба на фотографија насловена како “Куманово и кумановци” на која ќе можат да учествуваат сите љубители на уметничка фотографија. Со ова изложба клубот ќе почне да прави архив на фотографии кои го одсликуваат Куманово и неговите граѓани во тековната година.