logo
logo

фк куманово организира бесплатен фото курс


Уште од самото формирање на фото клуб Куманово, целта и идејата на истиот беше ширење и развивање на фотографската култура. Па со таа цел клубот секоја година организира бесплата фото школа, каде што пријавените курсисти ќе имаат можност да се стекнат со повеќе знаење од областа на уметничката фотографија, историјата на развивање на фотографската уметсност, првите фото апарати, најистакнати фотографи и нивно творештво и достигнување во фотографијата како уметност, техники на фотографирање и сл.
Курсот по фотографија ќе започне од 15 септември, а пријавувањата за посетување на курсот се веќе во тек. За сите потребни информации и прашања кои ги имаат заинтересираните за посетување на курсот можат да ги добијат на нашиот е-маил:photoclubkumanovo@gmail.com, во просториите на клубот: ул. Титова Митровачка бр.2 , или на клупскиот профил на facebook. Курсот ќе го водат реномирани автори кои во изминатите години на клубот, а и на градот му донесоа многу награди и признанија, меѓу нив се Владимир Јовановски, Марина Крстиќ, Александар Драгишевски.
Часовите за одржување на курсот се за време на викендите, каде што секоја сабота ќе се одржуваат часови на кои ќе се изучува теоретскиот дел, а недела за практичен дел од наставата.
Курсот ќе биде со времетраење од 9 месеци, и ќе биде поделен во повеќе целини и тоа: аналогна фотографија, лабараторија, теорија на композиција, пракса и дигитална лабараторија односно изучување на Photoshop програмата.

Со завршување на курсот и изучување на предвидената наставна програма, курсистите полагаат тест, каде што секој курсист кој што успешно ќе го положи истиот се стекнува со диплома за успешно завршен курс по уметничка фотографија.
Завршувањето на курсот е со „Маински фото фестивал“, каде учесниците ќе ги изложат нивните фотографии на клубската излжба.

Comments are closed.