logo
logo

членовите на клубот во најдобро светло

Неуморната излагачка активност на членовите на фото клуб Куманово, изминативе две недели резултираше со берба на награди на меѓународни изложби широм светот. Серијата на успеси ја започна Владимир Јовановски кој на изложбата „CIPAE“ во Египет осви ФИАП диплома за црно-бела фотографија. Награди продолжија да се нижат на меѓународните изложби во Македонија, па така на „Илузија“, која се организира во Кичево, ПСА рибон освои Софија Петковска. На изложбата „Прилеп Салон“ со ПСА рибони се закитија Александар Драгишевски и Жаклина Стефановска, а Владимир Јовановски освои дури два златни медали. Сличен успех имаа и на изложбата во Чачак, каде Владимир освои ПСА златен медал и Салон бронзен медал, а притоа не заостана и Александар кој зеде ФСС рибон. Во Лапово, на изложбата „Trains“, Ивана Илиевска овои УПИ рибон, а Александар ИААП рибон.

„Пред три години една мала група искрени љубители на фотографската уметност, дава иницијатива за формирање на фото клуб Куманово. Иако потајно посакуваме, воопшто не насетувавме за големината и значајот на нашата идеа. Три години неуморна работа подоцна, нашата идеја, нашиот клуб израсна во двигател на уметничката фотографија на Балканот и пошироко. Освен едукативните активности, особено се истакнавме на излагачко поле, а при тоа слободно може да кажеме дека кај и да се појават нашите фотографии, награди следуваат“ – изјави Софија Петковска, претседател на фото клуб Куманово.

“Постои еден креативен дел од секунда кога фотографирате. Вашето око мора да ја види композицијата или изразот што самиот живот ви ја нуди, и мора да знаете со интуиција кога да кликнете на камерата. Тоа е моментот кога фотографот е креативен.  Ако го пропуштите моментот, тој е исчезнат засекогаш.” – вели Ивана Илиевска.

Истакнатиот успех кој авторите на фото клуб Куманово го постигнаа во Србија, беше причина за покана за учество на фото колонијата „Петруш“ во Забрега, каде два члена на клубот се претставија со свои презентации.

<

Comments are closed.