logo
logo

награди како признание за успехот на членовите на фк куманово

Творештвото на членовите на ФК Куманово секогаш резултира со освојување на награди и признанија како потврда за квалитетот, умешноста и креативноста во областа на уметничката фотографија.
Како и до сега, фотографите од нашиот клуб на изложбите во и надвор од државата му донесоа на клубот многу медали и дипломи за своите дела.  На меѓународната изложба “Play 2016” , Стефан Петровски се закити со IAAP Ribbon за фотографијата насловена како “Ghost Story”, а Жаклина Стефановска исто така освои IAAP Ribbon за фотографијата “The reaper and the rice”.

На меѓународната изложба “Photo Story” , нашиот член Марина Крстиќ се закити со PSA златен медал за фотографијата со наслов “Counting down”, доколку пак Жаклина Стефановска зеде PSA Ribbon за фотографијата “The reaper and the rice”.

На изложбата во Чачак под наслов “Victory 2016”, Владимир Јовановски се закити со Salon брензена медаља за фотографијата под наслов “Tourist photo” и Salon HM за фотографијата “Prague 01 2016”.

Comments are closed.