Во чест на Интернационалниот ден на жената, 8-ми Март, и оваа 2018 година фото клубот Куманово по петто, јубилејно издание, ја организира изложбата на уметнички фотографии „Жените и фотографијата 2018“. Затоа ги охрабруваме сите љубителки на фотографијата и заинтересирани учеснички, без разлика дали се самостојни авторки или членови на фото клуб, да ги прикачат своите фотографии на веб страната: photoclubkumanovo.com/zenite/
Темата на изложбата е слободна.
Изложбата е без котизација, ограничена на учеснички од Република Македонија и нема натпреварувачки карактер. Годинава селектор на изложбата ќе биде членот на ФК Куманово – Фросина Јовановска.
Делата на најуспешните авторки ќе бидат изложени на изложбата што ќе биде отворена на 8-ми (четврток) март 2018 година во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово. За потребите на изложбата „Жените и фотографијата 2018“ ќе биде изработен печатен каталог. Ве очекуваме!