Во НУЦК “Трајко Прокопиев” Куманово, на 15 април беше отворена прва по ред меѓународна изложба на уметничка фотографија “Photo Story 2015” односно “Фото Приказна 2015”, организирана од страна на Фото клуб Куманово.
Photo Story 2015 година успеа да добие покровителство од повеќето светски фотографски организации, меѓукои ПСА, ИААП, УПИ и ИСФ. А патронатите, односно покровителствата претставуваат вистинско и големо признание за тригодишната напорна работа на членовите на ФК Куманово од нашиот град. Со овие високи признанија од фотографските организации за Photo Story слободно може да кажеме дека истиот претставува вистински репрезент на уметничката фотографија од сите шест континенти.
Инаку на изложбата пристигнаа фотографии од 265 автори од вкупно 48 земји, а изборот на најдобрите и наградените уметнички фотографии го направи еминентното жири во состав Александар Буѓевац, Бојан Петровиќ и Зоран Ѓорѓевиќ. Беа доделени околу 90 награди, а многу автори од Македонија се најдоа меѓу наградените.