Малински фото фестивал 2017 се одржа во два града Куманово и Кратово, со програма во три дена 9, 10 и 11 јуни 2017 година. На реперотоарот се најдоа изложби и проекции на уметнички фотографии кои се отвораа во текот на тритте дена на разни локации во градовите Куманово и Кратово.
Фестивалот со свои излагања на фотографии и дигитални проекции имаше во просториите на Фото клуб Куманово, Галерија на град Куманово, НУКЦ „Трајко Прокопиев“, Народниот Театар во Куманово и Домот на култура „Лазар Софијанов“ – Кратово и ОУ Музеј на град Кратово, а истиот беше пропратен со следнава програма:
– Драгослав Мирковиќ – предавање
– Меѓуклупска изложба КРУГ (изложба помеѓу фото клуб Куманово и фото клуб БУФОД од Република Турција).
– Зоран Ѓорѓевиќ – предавање
– Самостојна изложба на Бојан Петровиќ – Бокац – „тага и радост – РОМИ“
– Клупска изложба на фотографии ТУМБА
– Самостојна изложба на Драгослав Мирковиќ
– Фото презентации
– Самостојна изложба на Душко Јовановски – „Retro“
– Клупска изложба на ФА Мерсин Олба
– Клупска изложба на ФКК Битола