Изложбата на уметничката фотографија “Жените и фотографијата” беше отворена во изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово, координирана и организирана од Фото Клуб Куманово. Минатогодишната клупска изложба прерасна во национална изложба. Во клубот се наоѓаат познати автори од Македонија и пошироко, кои за релативно краток временски период можеа да донесат бројни награди и успеси.
Изложбата брои околу 50 фотографии од 40 женски автори од Македонија.