logo
logo

свечено отворање на петти јубилеен – малински фото фестивал 2018

Оваа година “Малински Фото фестивал” се одржа по петти пат и симболично во пет општини во Македонија. На наше големо задоволство фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, како и од локалните самоуправи на Куманово, Крива Паланка, Кратово, Штип и Свети Николе. Фестивалот започна на 21 мај во Крива Паланка а заврши на 27 мај во Кратово.

Во програмата беа  застапени повеќе клупски изложби, самостојни изложби, фотопрезентации, една меѓуклупска изложба и фотосафари, а истите беа одржани со просториите на ЛУ Градски Музеј Крива Паланка, Уметничка Галерија “Безистен” во Штип, Дом на култура “крсте Петков Мисирков” Свети Николе, Театар Куманово, НУЦК “Трајко Прокопиев” Куманово,Уметничка Галерија Куманово, клупските простории на Фото Клуб Куманово, Музеј на град Кратово и Дом на култура “Лазар Софијанов” Кратово.

Фестивалот беше пропратен со следнава програма:

21.05.2018 – КРИВА ПАЛАНКА

– Клупска изложба на фото клуб Куманово – ТУМБА

22.05.2018 – ШТИП

– Самостојна изложба на фотографии – Коста Дупчинов

23.05.2018 – СВЕТИ НИКОЛЕ

– Самостојна изложба на фотографии – Владимир Миличевиќ

25.05.2018 – КУМАНОВО

– Излагање за проектот “За македонцката фотографија”

– Решад Мехдиев (фотопрезентација)

– Мустафа Шахин (фотопрезентација)

– Александар Георгиев (фотопрезентација)

– Иван Стојановиќ (фотопрезентација)

– Алперен Акхарман (фотопрезентација)

– Ранко Ѓуровиќ (фотопрезентација)

– Меѓуклупска изложба на фотографии – КРУГ 2018

– Изложба на фотографии на Фото секција – ОУ “Кочо Рацин”

– Самостојна изложба на фотографии – Бурак Шенбак

– Клупска изложба на фотографии – ВОЈЦИН Фотум (Полска)

– Самостојна изложба на фотографии – Александар Драгишевски

27.05.2018 – КРАТОВО

– Фото сафари

– Самостојна изложба на фотографии – Ивона Кочов

– Клупска изложба на фотографии – Универзитетски фото кино клуб Бања Лука

Comments are closed.