Во ЛУ Градски Музеј Крива Паланка се отвори Клупската изложба на Фото клуб Куманово – ТУМБА. Оваа изложба беше прва во низата од богатата програма на фестивалот.
На изложбата беа изложени около 40 фотографии од членовите на Фото клуб Куманово. Изложбата имаше слободна тематика каде што авторите на клубот се претставиа со нивното актуелно творештво.
Изложбата беше отворена од страна на претседателот на клубот Марина Крстиќ како и од страна на директорот на музејот Драган Величковски.
Клупската изложба ТУМБА веќе петта година по ред се одржува во склоп на Малински фото фестивал и веќе има стекнато добро реноме кај македонската публика која доаѓа во голем број.