Како трета по ред од програмата на Малински Фото Фестивал, во Дом на култура “Крсте Петков Мисирков” во Свети Николе беше отворена самостојната изложба на фотографии на авторот Владимир Миличевиќ од Србија.
В.Миличевиќ е роден во Параќин, Република Србија и активно се занимава со фотографија. Во 2012 година го добива фотографското звање F1 FSS (фотограф прва класа) на Фото сојузот на Србија, а две години подоцна и меѓународното уметничко звање AFIAP.
На изложбата авторот се претстави со околу 50 фотографии кои се плод на досегашното негово творештво.