Како последен од прогрмата шестиот ден од фестивалот се одржа во општина Кратово.
Поради автентичноста на градот Кратово беше организирано фото сафари за присутните гости на фестивалот каде што имаа прилика и малко подобро да го спознаат самото место од мештаните.
Во Музеј на Општина Кратово своја самостојна изложба на фотографии имаште Ивона Кочов од Битола. Авторката се претстави со околу 50 фотографии кои беа претставени под едно име “Кутија полна соништа”.
Во Домот на култура “Лазар Софијанов” се отвори клупската изложба на фотографии на Универзитетски Фото кино клуб Бања Лука од Босна и Херцеговина. УФКК до денес има организирано преку 70 разни изложби на фотографии (клупски, меѓуклупски, држабни, самостојни и др.) што многу придонело до популаризација на фотографијата на овие простори.