logo
logo

фото скарафари – преспа 2018

По долги договарања и презакажувања членовите на фото клуб Куманово решија да го реализираат планираното аналогно фото-сафари дружење со ФКК Битола. Договорениот термин беше викендот 23 – 24 јуни. Марина, Стефан и Сандра ја сочинуваа првата екипа што требаше да пристигне во Битола во сабота на 23 јуни. Во просториите на ФКК Битола наидоа на добредојде од страна на Коста, Димитар и останатите членови на клубот. По кратката презентација за фото-опремата и основите на аналогната фотографија, се тргна во акција низ улиците на Битола. Сафарито започна со прошетка низ Широк Сокак и фотографирање на Офицерскиот дом, изграден 1911 година и редок пример на западно-европска архитектура во ориентален амбиент. Следни за посета беа железничката станица и битолската стара чаршија каде што се експериментираше со долга експозиција. Крајот на денот беше посветен на миксот од вкусовите на битолско пиво и деликатесното топено сирење J.

Вториот ден од фото-сафарито (недела) беше планиран за Преспанското Езеро. Кон првата екипа од ФК Куманово се приклучија Владимир, Александар, Ивана, Никола, Влајко и Викторија. Фото-сафарито продолжи во руинираниот хотел „Европа“ (или порано „Југославија“) во Отешево, некогашниот туристички бисер на цела Преспа. Тука, членовите на ФК Куманово и ФКК Битола ги усовршуваа своите вештини во практикувањето на аналогна фотографија, разработуваа разни фото-техники и создаваа уникатни композиции. Дел од сафарито беше реализиран и на плажите покрај брегот на езерото. Денот беше заокружен со заедничко дружење и развивање на аналогните филмови во импровизираната фотографска лабораторија во Претор.

Comments are closed.