Втората половина на 2018 година посведочи повеќе меѓународни активности на членовите на Фото клуб „Куманово“. Така, на покана на организаторот на меѓународната изложба „Пре фото“, Едон Агуши од Прешево, Р Србија, претседателот на Фото клуб „Куманово“ Марина Крстиќ зеде учество во церемонијата на доделување на наградите. Марина претходно беше дел од тричлената жири-комисија на изложбата. Манифестацијата, под отворено небо, беше одржана на 17 ноември 2018 година и на истата беа присутни познати фотографски имиња од регионот и пошироко. Треба да се напомене Жаклина Стефановска на меѓународната изложба „Пре фото“ освои златен IAAP медал за фотографијата „Fibonacci“. Сите овие активности зборуваат за афирмацијата на македонската фотографија на меѓународна сцена што ја спроведува Фото клуб „Куманово“.