Фотографиите на членот на Фото клуб „Куманово“, Владимир Јовановски, беа вклучени во публикацијата „Photographic Exhibition of the Works of Invited World Renowned Photographers“ на Фотографското друштво на Макао, Р Кина. Делото содржи фотографии на 136 светски докажани имиња во сферата на уметничката фотографија, од 58 држави и региони. Ова претставува големо признание и дополнителен мотив за уште поголем ангажман на творечко поле, како за авторот така и за Фото клуб „Куманово“.