logo
logo

фото клуб „куманово“ прогласен за светски фотографски центар при гпу

Повеќегодишните успеси на фото клуб Куманово при едукација, организација и промоција на фотографијата како уметност, беа препознаени од еминентна фотографска меѓународна организација ГПУ (Global Photographic Union). Имено Глобалната фотографска унија по едногодишно детално нагледување на активностите на клубот, донесе одлука да го прогласи Куманово, односно фото клуб Куманово за „Светки фотографски центар“.

„Фото клуб Куманово е млад клуб, но во неговато јадро има светски познати фотографи кои постигнаа големи успеси во краткиот период од неговото постоење. Покрај изложбените активности и успеси, клубот локално стана добро познат за неговите бесплатни фото курсеви и неговата работа со деца. Домаќини бевме на самостојни и групни изложби со светски реномирани автори.„ – Александар Драгишевски, секретар на фото клуб Куманово.

Инаку Глобална фотографска унија важи за една од најпознатите меѓународни фотографски асоцијации. Има свои претставништва на 4 континенти, раководена со претставници од 7 земји и во неа членуваат голем број на национални фото сојузи, клубови и поединци. Титулата „Светки фотографски центар“ е доделена само во 18 града ширум светот, а за истата се минува низ детали провеки на квалитетот, способноста и нивото на клубот.

„Имајќи предвид дека живееме во време каде околината, општеството, па дури и нашите мисли се затруенени со шунд и кич, нашиот клуб се јавува како место за креативна мисла и слободно изразување. Активностите кои клубот ги има, сами по себе претставуваат отпор, а клубот место за одбрана на вистинските културни вредности. Веќе 5 години внесувме жар и светло во културниот живот на Куманово, но и пошироко.“ – Марина Крстиќ, претседател на фото клуб Куманово.

Comments are closed.