logo
logo

свечено отворена изложбата коритон 2018

Трета година по ред Кратово се најде во улога на домаќин на меѓународната изложба на уметничка фотографија насловена како “Коритон”. Имено, на 15 декември годинава, во Домот на култура „Лазар Софијанов“ во 12 часот беше оворена изложбата, која е во организација на Фото клуб „Куманово“, а е под покровителство на Националната фото унија на Македонија и Интернационалната асоцијација на уметнички фотографи (IAAP). На отворањето на изложбата присуствуваа околу 50 луѓе од Кратово и останатите градови.

„Коритон претставува пресек од најдобрите фотографии кои пристигнаа на конкурсот, кој претставува своевиден рекорд. Имено на истиот се пријавија 928 фотографи од дури 72 земји од кои 830 се зедоа учество, што всушност најголема најголем конкурс во историјата на уметничката фотографија во Р Македонија. Вакви бројки говорат за реномето со која се стекна оваа изложба низ годините.“ – Софија Петковска, директор на Кортион.

Конкурсот беше отворен во две теми: слободна и Кратово и кратовчани, и на истите пристигнаа околу 3500 дела. За наградите кои ги доделија НФУМ и ИААП одлучуваше жири во состав Жаклина Стефановска, Ѓорѓи Костовски и Александар Драгишевски.

„Да се биде член на жири на настан со оваа величина воопшто не беше лесно. Пристигнати фотографии беа со разни фотографски правци, па моравме да обрнеме посебно внимание при изборот што да влезе во изложбата, а што да се награди. Посебно ме радува фактот дека меѓу наградените автори се најдоа фотографи од Македонија, што дава јасна порака дека Македонската фотографија е на ниво со светските трендови.“ – Жаклина Стефановска, член на жири комисија на Коритон.

„Ние како клуб сме повеќе од задоволни на одзивот на авторите, а воедно и на реализација на оваа изложба и планираме со исто темпо да продолжиме во иднина. Овој проект е дел од една целина чии цели се долгорочни и се стремат кон културна детоксикација на општествената средина преку збогатувањето на уметничката понуда во Северно-источниот регион на Македонија. Единствено преку ваква своевидна форма на културен отпор граѓаните можат да се ослободат од прангиите на шундот и кичот.“ – Марина Крстиќ, претседател на фото клуб Куманово.

 

Comments are closed.