logo
logo

преостануваат уште 10 дена за пријавувањето на коритон 2019

Во тек е пријавувањето на Коритон 2019, изложба на уметничка фотографија, посветена на малиот, но историски богат град Кратово. Изложбата, во организација на Фото клуб „Куманово“, е со натпреварувачки карактер, каде учесниците се натпреваруваат за повеќе од 30 награди.

Вредно е да се напомене дека минатогодишното издание на Коритон беше своевиден рекордер по бројот на учесници, доколку како критериум се земат досегашните меѓународни изложби во Македонија, со дури 848 учесници од повеќе од 40 држави низ светот.

Изложбата е отворена за аматери и професионални фотографи од Македонија и целиот свет, и е под покровителство на IAAP и НФУМ.

Учесниците можат да ги прикачат своите фотографии во две секции:
1) Слободна, и
2) Кратово и Кратовчани.

Жирито ќе биде составено од реномирани автори од Македонија.

Учество на изложбата е бесплатно. Најуспешните фотографии ќе бидат изложени во Кратово, во декември 2019 и потоа доделени на Општина Кратово, а во рамките на изложбата ќе биде организирано и Фото-сафари низ градот.

Ги повикуваме сите заинтересирани фотографи да ги прикачат своите фотографии до 15.11.2019.

Comments are closed.