logo
logo

фото клуб куманово во индија

Авторите и членови на Фото клуб Куманово се преставија со колекција фотографии на изложбата организирана од страна на Националната академија за фотографија на Индија (National Academy of Photography – NAP).

Оваа изложба беше организирана по повод Светскиот ден на фотографијата – 19 август и јубилејот од 180 години откако француската влада го откупи патентот за фотографскиот процес од пронаоѓачот Луј Дагер.

Настанот се одржа во Калкута од 27 август до 1 септември 2019 година и беше под покровителство на ФИАП (FIAP) и ИЦС (Image Colleague Society).

На изложбата со свои уметнички дела се претставија авторите:

  • Александар Драгишевски – Relationship
  • Александар Стојчевски – Tell me a secret
  • Драгана Спасовска – Child in red
  • Душко Јовановски – Makedon
  • Марина Крстиќ – Drinker
  • Марјан Јаневски – Akt 5
  • Предраг Поповски – Iviw7
  • Сандра Трајковска – Yellow Stripes
  • Владимир Јовановски – Sneak peek
  • Жаклина Стефановска – Fibornaci

На фотографиите во продолжение дел од атмосферата на изложбата:

Comments are closed.