logo
logo

познати наградените фотографии на коритон

На 17 ноември 2019 година беше затворена изложбата Коритон 2019 што во чест на градот Кратово ја организира Фото клуб „Куманово“. На овој 4-ти по ред натпревар на уметничка фотографија пристигнаа 3218 дела на 777 учесници од сите делови на светот со што Коритон го задржа своето реноме како најбројна изложба во историјата на македонската фотографија.

За оценување на пристигнатите трудови беше задолжено стручното жири во состав:

1. Владимир Јовановски (Фото клуб Куманово)
2. Александар Стојчевски (Фото клуб Куманово)
3. Димитар Ристески (Фото арт група Прилеп)

Меѓу наградените се најдоа и членовите на Фото клуб „Куманово“ со фотографиите:

  • Ивана Кузмановска за фотографијата „Tea man“,
  • Викторија Златковиќ за Glazier,
  • Жаклина Стефановска за Еine fleißig Frau.

Отворањето на изложбата ќе се одржи на 21 декември 2019 година во Музејот на град Кратово во 12 часот. Претходно од 9 часот Фото клуб „Куманово“ ќе организира фото сафари низ улиците на Кратово. На целодневниот настан можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани.

Континуираниот успех на Коритон е мотив за членовите на Фото клуб „Куманово“ и во иднина да продолжат со организирањето на изложбата, со надеж дека секоја наредна година истата ќе биде подобра и побогата со автори и фотографии.

Во продолжение следуваат наградените фотографии:

Comments are closed.