logo
logo

прогласени најдобрите кумановски фотографи

На годишното собрание на Фото клуб „Куманово“ кое се одржа на 29 декември година беа прогласени најдобрите фотографи во Куманово за 2019 година.

Претседателот Марина Крстиќ плакетата за најдобар фотограф во Куманово ја додели на членот на Фото клуб „Куманово“ Александар Стојчевски за неговиот континуиран ангажман во работата на клубот, успесите и добиените награди на националните и меѓународни изложби, како и во промоцијата на уметничката фотографија воопшто. Стојчевски во 2019 година освои три бронзени медали, еден сребрен медал и повеќе дипломи на престижни светски салони на фотографија, а беше дел и од жирито на меѓународната изложба на фотографии „Коритон 2019“.

Признанието на најдобар млад фотограф го доби Наум Цветковски, повеќегодишен член на Фото клуб „Куманово“ и ученик во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“. Цветковски во годината што измина учествуваше на повеќе изложби на уметничка фотографија и активно се вклучи во едукативните активности на клубот.

Успесите овие автори претставуваат потик и мотив за останатите членови на Фото клуб „Куманово“ во идните клупски и индивудални активности.

Comments are closed.