Почитувани пријатели, љубители на уметничката фотографија,
Фото клуб Куманово од своето основање до денес, секоја година го одржува веќе
престижниот фестивал на уметничка фотографија познат како „Малински фото фестивал“,
кој оваа година требаше да се одржи во мај. Но, поради општопознатата ситуација
со корона –вирусот, Претседателството
одлучи истиот да биде одложен за следната година. До тогаш се надеваме дека
условите ќе се нормализираат.
На сите наши учесници, пријатели, фотографи и филмографи, овдешни и странски (сите кои требаа и сакаа да присуствуваат на овогодинешниот Фестивал) им се извинуваме и очекуваме разбирање. Се гледаме следната година!
Претседателот на Фото клуб Куманово
Марина Крстиќ